Home / Информации / ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ ’’ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО ОД ПЕЛАГОНИЈА’’

ЗАПОЧНА ПРОЕКТОТ ’’ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО ОД ПЕЛАГОНИЈА’’

Во Хотелот “Епинал” во Битола, свечено беше отворен проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија” во кој се вклучени општините од Пелагонискиот регион, граѓански организации и млади луѓе кои во наредниот период ќе земат активно учество во имплементирање и промовирање на добри практики во заедницата во која живеат.

Општина Кривогаштани  ангажира 7  луѓе од општината, кои со овој проект младите треба да го вратат нивниот глас за да допре до оние кои во моментот ги носат одлуките, а затоа ќе се тренираат младите луѓе и Општините како да работат заедно со цел да имплементираат проекти од заедничко значење.