Home / Информации / НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО ОУ ЈОНЧЕ СМУГРЕСКИ И ЈАГОДКА

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ ВО ОУ ЈОНЧЕ СМУГРЕСКИ И ЈАГОДКА

Градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски денес ги посети и најмалечките во градинката Јагодка, кои со песнички го прославија доаѓањето на новата година, за што си добија и новогодишни пакетчиња.

Првачињата од основното училиште Јонче Смугрески во Обршани, Боротино и Бела Црква исто така добија пакетчиња за заокружување на уште една успешна година, со искрени желби за уште поуспешна и посреќна година што следува.