ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ – Кривогаштани https://krivogastani.com Единица на локална самоуправа Fri, 13 Oct 2017 12:37:12 +0000 wp-dev-mk hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.9.4 https://i0.wp.com/krivogastani.com/wp-content/uploads/2015/09/krivogastani-e1442755866293.png?fit=22%2C32&ssl=1 ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ – Кривогаштани https://krivogastani.com 32 32 204032328 СООПШТЕНИЕ https://krivogastani.com/archives/4207 https://krivogastani.com/archives/4207#respond Fri, 13 Oct 2017 12:37:12 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=4207 Согласно препораката на Влада на РМ донесена на 26-та седница, општина Кривогаштани објавува листа на започнати проекти кои претставуваат редовни и тековни активности на општината:

  1. Реконструкција и адаптација на општинска зграда во Кривогаштани, изградба на зелен пазар во Кривогаштани и инсталација на енергетски ефикасни ЛЕД светилки – Инвеститор општина Кривогаштани – ГРАНТ – МСИП / ИПА
  2. Изградба на канализациона мрежа с.Крушеани – Инвеститор Министерство за транспорт и врски
  3. Асфаллтирање на регионален пат R2335 – делница Крушеани – Инвеститор Јавно претпријатие за државни патишта

]]>
https://krivogastani.com/archives/4207/feed 0 4207
ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ НАЛИКУВА НА ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ https://krivogastani.com/archives/2926 https://krivogastani.com/archives/2926#respond Fri, 18 Mar 2016 12:02:28 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2926 На територијата на општина Кривогаштани во моментов активно се работи на 7 локации каде повеќе изведувачи ги извршуваат градежните активности предвидени за реализација на проектите со кои општината си го загарантира својот напредок и модернизација со што веќе го доби епитетот на успешна општина која е на исто ниво со најголемите градски општини во државата. До крајот на тековната година општината очекува завршување на отпочнатите проекти чија реализација ќе ја променат физиономијата на самата општина и ќе се подобри животот и функционирањето на населението.

1379715_1263866446961828_7311191531307031168_n
Улица Никола Карев по завршувањето на градежните активности ќе биде најмодерната улица во општината која ќе има атмосферска канализација, нов коловоз и тротар. Општинската зграда добива нов најмодерен плоштад со креативен и функционален дизајн а за кратко време ќе започне монтажата на јарболот пред општинската зграда, чија основа е веќе поставена. Исто така започна да се издигнува металната конструкција на спортската сала во ОУ Манчу Матак која за неколку месеци ќе биде ставена на располагање на училиштето. Во Крушеани се започнати активностите за изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица со што Крушеани е второто населено место во општината кое добива канализациона мрежа а со истиот проект ќе започне да се гради и канализациона мрежа во населеното место Славеј.

12088241_1263867366961736_1236778613035212105_n
Фирмата Страбаг веќе ги започна активностите за асфалтирање на патниот правец Кривогаштани- Обршани- Воѓани со што до крајот на летото клучниот патен правец во општината ќе биде целосно завршен. Во кругот на пазарот во Кривогаштани во финална фаза е изградбата на паркинг на зелениот пазар кој за краток временски период ќе прерасне во модерен затворен пазар за млечни и месни производи. Општината за неколку недели очекува да започнат и активностите за асфалтирање на улиците Илинденска во Кривогаштани, улица Капетан Игор Ѓорески во Обршани како и асфалтирање на патот кој ги поврзува населените места Бела Црква со Воѓани. Исто така денес започнa да се гради првиот крак на улица Македонски просветители која вклучува изградба на атмосферска канализација заедно со тротоари покрај ОУ Манчу Матак до раскрсницата кај детската градинка Весело Штркче.

10401029_1263867320295074_3692260790621952368_n

Периодов се привршуваат подготвителните активности за започнување со адаптација на доградбата на општината по што ќе се изгради целосно нова фасада на целиот објект на општинската административна зграда вклучуваќи го и домот на културата за кого веќе се работи проектна документација за негова целосно опремување и адаптација на ентериерот.

10151980_1263867133628426_8336591972773700857_n
Целата оваа слика ја прави општината да биде најголемото градилиште во државата за што пофалби стигнуваат од сите страни од случајните минувачи и жителите на општината кои со восхит гледаат и го поздравуваат тоа што денес се прави и тоа во што прераснува општина Кривогаштани, откако на нејзино чело застана Градоначалникот Тони Заткоски.

 

11182000_1263867710295035_8536495799855587193_n1470107_1263867336961739_2289342671687078935_n

1916679_1263867253628414_5690044003185267657_n1385971_1263866550295151_374076365862222004_n1914038_1263867060295100_6359533786309206086_n1936528_1263867583628381_6981339477409524237_n10405569_1263866823628457_4673553881483605340_n10261951_1263866756961797_6516669124395682984_n12523864_1263867806961692_6909613163826484498_n10410319_1263866803628459_7438389410084512654_n10363533_1263867140295092_5414838104720313871_n

]]>
https://krivogastani.com/archives/2926/feed 0 2926
ЗАПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАДОТ ВО КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2911 https://krivogastani.com/archives/2911#respond Thu, 03 Mar 2016 14:48:25 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2911 Деновиве започна подготовката на теренот за отпочнување на градежните активности за изградба на плоштад во центарот на Кривогаштани со вкупна површина од 1400 метри квадратни. Средствата за реализација на овај проект се обезбедени преку Центарот за развој на пелагониски плански регион со вкупна сума од 4.500.000 денари. Изведувач на проектот е Стентон градба од Битола со што за околу два месеци Кривогаштани ќе има нов модерен плоштад.

Според планот на општина Кривогаштани во центарот на општината за краток временски период ќе започне да се гради кружен тек со дел од улицата Македонски просветители која вклучува и тротоари, додека пред самата општинска зграда веќе започна подготовка на просторот каде што ќе биде поставен триесет метарски јарбол со македонско национално обележје.

За целата слика да биде комплетна за два до три месеци започнува изработката на нова фасада на општинската зграда за општина Кривогаштани да добие најсовремено уреден општински центар, додека до крајот на годинава се очекува општинската администрација да добие нови канцеларии во надградбата на општинската зграда над домот на култура во Кривогаштани со што значително ќе се подобри функционирањето и квалитетот на услугите кои ги извршува општина Кривгаштани.

1општинсака зградаПЛОШТАД43ПЛОШТАД 22

]]>
https://krivogastani.com/archives/2911/feed 0 2911
ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАСАДА И АДАПТАЦИЈА НА НАДГРАДБАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА, ЗЕЛЕН ПАЗАР И НОВО ЛЕД УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ https://krivogastani.com/archives/2891 https://krivogastani.com/archives/2891#respond Fri, 26 Feb 2016 09:47:16 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2891 Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски потпиша договор со Министерството за финансии за реализација на проект за подобрување на општинските услуги преку ИПА во висина од 260 000 евра со кој општината ќе гради нов зелен пазар со пазар за млечни и месни производи, нова фасада на општинската административна зграда во Кривогаштани со адаптација на доградбата над домот на културата со уредување на нови канцелариски простории и нова кровна конструкција како и промена на постоечкото улично осветлување со нови ЛЕД светилки на сите регионални патни правци кои поминуваат низ територијата на општината.

Општинска зграда 4

Општината веќе започна со подготвување на тендерската документација за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот чие отпочнување се очекува да биде за 2 до 3 месеци за до крајот на годината општина Кривогаштани да добие нова фасада, канцеларии, зелен пазар и ново лед осветлување.

Покрај овие три проекти, веќе во Понеделник започнуваат градежните активности за изградба на плоштадот во центарот на општината веднаш до општинската зграда како и изградба на модерен  кружен тек  на раскрсницата во центарот на Кривогаштани, додека во непосредна близина на општинската зграда ќе се постави 30 метарски јарбол кој е донација од Владата на РМ со што општина Кривогаштани ќе има современо уреден центар и целосно ќе го промени својот изглед со што ќе го има еден од најмодерните општински центри во државата и ќе добие изглед на модерно мало градче.

опстинска зграда2

]]>
https://krivogastani.com/archives/2891/feed 0 2891
ПРОДОЛЖУВА ГРАДЕЖНАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2862 https://krivogastani.com/archives/2862#respond Wed, 10 Feb 2016 15:08:23 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2862 Во моментов во општина Кривогаштани активно се извршуваат градежни активности на две локации каде што и покрај променливите временски услови без прекин се изведува атмосферската канализација на улица Никола Карев во Кривогаштани по чија реализација целосно ќе се асфалтира и ќе се изградат тротоарски патеки на истата. Во истиот проект ќе се асфалтира и улица во н.м Славеј како и улицата Македонски Просветители од центарот на Кривогаштани каде што е предвиден современ кружен тек, до градинката Весело Штркче и кракот на истата улица од повеќенаменското игралиште што кој ќе ги поврзи улиците Никола Карев и Македонски Просветители со што ќе се добие една урбана функционална целина поткрепена со тротоарска патека од двете страни на коловозот каде што дозволуваат условите односно постои јавна површина.

Исто така моментално се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани, чија реализација се очекува да биде готова во текот на оваа година со што ќе се стави на користење на учениците и спортистите.

За десетина дена започнува изградбата на канализационите мрежи во Крушеани и Славеј каде што е предвидена и пречистителна станица со средства од АФПЗРР.

Оваа година општината ќе реализира уште голем број на капитални инфраструктурни објекти со кои самата општина ќе стане препознатлива по своите модерни карактеристики. Самиот центар на општината ќе добие 30 метарски Јарбол, нова фасада на целата општинска зграда заедно со кино салата и надградбата над истата, како и модерен зелен и млечен пазар со паркинг и промена на уличното осветлување со нови лед светилки.

12687817_1237455592936247_2616181367610687574_n12670310_1237455796269560_4569607305456736275_n12670595_1237456036269536_4875555643345269466_n12687996_1237455719602901_7329083019662017564_n12717359_1237455959602877_1203982030809736703_n

]]>
https://krivogastani.com/archives/2862/feed 0 2862
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАД ВО КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2796 https://krivogastani.com/archives/2796#respond Fri, 15 Jan 2016 13:03:45 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2796 За новогодишната прослава градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски им вети на своите граѓани дека 2015 беше успешна година за општината и најави уште поуспешна 2016 година со силно темпо на работа започнувајќи уште од првите месеци во новата година. Досега се потпишани 4 договори за започнување со изградба на канализациони мрежи во Крушеани и Славеј, изградба на улици со тротоари во Кривогаштани и Славеј, паркинг на зелен пазар и сега изградба на плоштад пред и до општинската зграда во Кривогаштани, која за краток временски период ќе добие нова адаптација на доградбата над кино салата и нова енергетски ефикасна фасада во модерен стил со што апсолутно ќе се промени ликот на општината.

Денес потпишан беше договорот за изградба на плоштадот кој е инвестиција од Центарот за развој на пелагониски плански регион во висина од 4.500.000 денари а изведувач ќе биде Стентон градба од Битола. Плоштадот ќе содржи урбана опрема, канделабри, клупи и цветни површини додека патеките ќе бидат изградени со терастон плочки на вкупна површина од 1400 метри квадратни.

За краток временски период се очекува завршување на процедурата и отпочнување со реализација на веќе одобрените проекти за изградба на зелен пазар, промена на  веќе постоечкото улично осветлување со нови лед светилки на регионалните патишта кои поминуваат низ територијата на општината. Исто така се очекува на финализирање на постапката и отпочнување на реализација на проектите за асфалтирање на улици во Обршани,Кривогаштани, Бела Црква и Воѓани со инвестиција од Светска Банка и патниот правец Кривогаштани – Воѓани за кој веќе се работи на терен со пресметковни активности по кое завршување ќе се започне реализацијата на проектот.

DSCN9454ПЛОШТАДПЛОШТАД 2DSCN9462DSCN9473DSCN9451

 

]]>
https://krivogastani.com/archives/2796/feed 0 2796
ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ СПОРТСКАТА САЛА ВО ОУ МАНЧУ МАТАК https://krivogastani.com/archives/2692 https://krivogastani.com/archives/2692#respond Mon, 28 Dec 2015 14:08:50 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2692 Интензивно се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на основното училиште Манчу Матак во Кривогаштани каде денес се започна со поставување на основниот слој на подлогата врз кој ќе следува изолационен дел и горниот финален дел од подлогата. Спортската сала е инвестиција на Министерството за образование и наука со вкупна вредност од 24.000.000 денари со која инвестиција најголемиот бенефит ќе го имаат најмладите, учениците па и повозрасните кои рекреативно ќе можат да ја користат веќе од наредната зима кога и се очекува објектот да е веќе во функција. Жителите на општината со нетрпение ја очекуваат оваа спортска сала за непречено одвивање на спортските активности во периодите од годината кога временските услови не дозволуваат користење на спортските терени на отворено. Пополека но сигурно општина Кривогаштани значително ја подобрува спортската инфраструктура во општината каде што исто така најавена е изградба на уште една спортска сала во дворот на основното училиште Јонче Смугрески во населеното место Обршани.

DSCN8403DSCN8418DSCN8425DSCN8426

]]>
https://krivogastani.com/archives/2692/feed 0 2692
ЧЕТИРИ НОВИ УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2664 https://krivogastani.com/archives/2664#respond Tue, 22 Dec 2015 12:54:46 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2664

Општина Кривогаштани потпиша договор со изведувачот на четирите улици во општината кои ќе започнат да се реализираат веднаш штом дозволат временските услови. Се работи за една улица во Славеј и 3 во Кривогаштани меѓуи кои улица Никола Карев , Крак од улица Македноски Просветители од центарот на населеното место до градинката во Кривогаштани и уште еден крак на Улица Македонски просветители , кои улици вклучуваат коловоз и тротоари. На почетокот на идната година започнуваат да се реализираат уште 3 улици во Обршани, Кривогаштани и од Бела Црква до Воѓани. Со овие проекти општината значително ја подобри патната инфраструктура каде најголем дел зазема патниот правец Кривогаштани – Воѓани кој се  очекува да се започне со реализација за краток временски период.

]]>
https://krivogastani.com/archives/2664/feed 0 2664
СЕ ОДРЖА ПЕТТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2645 https://krivogastani.com/archives/2645#respond Sat, 12 Dec 2015 07:52:23 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2645 Доцна синоќа се одржа петтата форумска сесија од програмата форуми во заедницата која се спроведува во Општина Кривогаштани со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка со подршка на ЗЕЛС и ЕКФ. На оваа форумска сесија се изврши гласање и приоретизирање на предлог проектите од граѓаните каде право на глас имаше секој граѓанин кој присуствувал на најмалку 3 форумски сесии. Граѓаните на општината дадоа приоритет на капиталните инфраструктурни објекти како патишта и канализациони мрежи во своите населени места. Во оваа програма предвидено е да се одржи уште една форумска сесија во втората половина на идната година каде што граѓаните ќе имаат можност да ја оценат реализацијата на сега предвидениот буџет.

]]>
https://krivogastani.com/archives/2645/feed 0 2645
ОТВОРЕНА ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА ’’СПОМЕНИ ЗА НАВЕК’’ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ https://krivogastani.com/archives/2634 https://krivogastani.com/archives/2634#respond Fri, 04 Dec 2015 13:32:25 +0000 http://www.krivogastani.com/?p=2634 Денес во просториите на домот на културата во Кривогаштани свечено беше отворена етнолошката поставка ’’ СПОМЕНИ ЗА НАВЕК ’’ на која изложени се предмети, облека, накит и фотографии од сите населени места од општината од старо време, времето на нашите дедовци и прадедовци. Проектот е реализиран од страна на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп и општина Кривогаштани со што повозрасните жители имаа прилика да се потсетат на детството и животот, додека оние најмладите имаа можност да се запознаат со начионот на живот на нашите дедовци.

]]>
https://krivogastani.com/archives/2634/feed 0 2634